БЛ 4-то коло (трет ден)

Eurolink супериорен против Општина Карпош

Со победите на UNIQA, Eurolink и SISTINA, заврши четвртото коло од Бизнис лигата на Македонија.

UNIQA со одлична реализација до победа над Глобко Логистик
UNIQA 6-2 (4-1) Глобко Логистик
UNIQA: Арбен Нухиу 3', 14', Арбен Бајрами 9', Влатко Деспотовски 17', Ибиш Мисини 23', Дарко Фотевски 39'
Глобко Логистик: Иван Стојановски 3', 21'
Екипата на UNIQA прикажа апсолутна доминација во натпреварот против екипата на Глобко Логистик. Одигра одлично во одбраната, што и овозможи да има доста контранапади преку кои стекна преднос. Екипата на Глобко Логистик не се најде во делот на нападот во кој имаше слаба реализација со која не можеше да очекува резултатски приклучок во овој натпревар. Натпреварот заврши со резултат 6-2 за екипата на UNIQA. Полувреме 4-1.

Eurolink супериорен во натпреварот против Општина Карпош
Eurolink 5-0 (0-0) Општина Карпош
Eurolink: Игор Ристевски 24', Јовче Зузаровски 29', 35', Александар Трпковски 30', Наумче Стојчевски 40'
Општина Карпош: /
Во текот на целото прво полувреме мируваа мрежите и на двата гола. Ниедна од екипите и покрај добрата екипа на обете страни не успеа да постигна погодок. На полувремето се отиде со 0-0. Во второто полувреме екипата на Eurolink преку Игор Ристевски го скрши ледот постигнувајќи погодок во кој се почувствува опуштеност во нивната игра. Потоа продолжија во ист ритам се до победата во овој натпревар од 5-0.

SISTINA со одличен напад до победа над Dominos pizza
Dominos pizza 4-7 (1-5) SISTINA
Dominos pizza: Александар Бојовски 14', Никола Тодоровски 20', Оливер Младеновски 24', Мите Златановски 32'
SISTINA: Даниел Боневски 1', 2', 6', Драганчо Ѓошевски 4', 27', Амел Аломеровиќ 10', Александар Јаневски 31'
SISTINA уште на самиот почеток ја зеде работата во свои раце и буквално во првата минута од натпреварот постигна погодок со што навести дека ќе има своја вечер. Прикажа одлична игра во текот на целиот натпревар и не и дозволи на Dominos pizza да парира. Екипата на Dominos pizza потфрли во одбраната што може да се види по конечниот резултат 4-7. Полувреме 1-5.

7 ноември 2013 - 08:19