Мишел Платини неодамна предложи нов формат на Светските фудбалски првенства, односно уште на следниот Мундијал после Бразил кој е закажан за во Русија во 2018 година наместо 32, да настапат 40 репрезентации. На тоа Блатер одговара иронично.
„Да го прошириме Мундијалот на 40 селекции? А зошто да не направиме Светско првенство со 48, 64 или 128 репрезентации. Ако сакаме да го задржиме квалитетот, не можеме да го зголемиме бројот на земјите учеснички", рече првиот човек на ФИФА.
Двајцата челни луѓе на најголемите две фудбалски организации очигледно дека имаат сосема различни ставови кога се во прашање реформите во најважната споредна работа во светотот.
Прв кој ја отвори оваа тема беше Сеп Блатер кој рече дека треба да се скрати бројот на учесниците на светските првенства за сметка на репрезентациите од Африка и Азија.
Платини се сложи дека потребни се повеќе учесници од овие два континента, но во тој случај наместо кратење, изјави дека подобро е бројот да се зголеми со селекции од сите континенти.