Борба за нокаут фазата во Лигата на Европа

Идентично како во Лигата на шампионите, четвртата рунда и во ова европско натпреварување е практично второ полувреме, односно реванш средби од минатото коло во сите 12 групи. Вечерва најблиску до нокаут фазата ќе бидат осум екипи.

Иако е второ по квалитет клупско европско натпреварување, сепак неизвесноста и возбудата расте во Лигата на Европа, а неколку екипи со победа можат уште вечерва да бидат раат со пласман во следната фаза.

Групата А е единствената каде двете првопласирани екипи може во ова четврто коло да ја финишираат неизвеснота. За тоа потребно е фудбалерите на Свонси да слават на гостувањето во Русија, а Валенсија да оди по три бода во Швајцарија.

100% учинок во своите групи и пласман во следниот круг со победа може да обезбедат Фиорентина, Ајнтрахт Франкфурт, Тотенхем, Лудогорец и Салцбург.

Златна шанса за пласман во нокаут фазата има дебитантот во ова натпреварување, тимот на Есбјерг од Данска кој доколку триумфира во скандинавската пресметка против Елфсборг, кој има само еден бод во групата ќе оди понатаму.

Распоред 4-то коло:

Група А
Кубан – Свонси
Сент Гален – Валенсија

Група Б
Лудогорец – Черноморец
ПСВ Ајндховен – Динамо Загреб

Група Ц
Есбјерг – Елфсборг
Стандард Лиеж – Салцбург

Група Д
Рубин – Виган
Марибор – Зулте Варегем

Група Е
Днипро – Пакош Фереира
Пандури – Фиорентина

Група Ф
Хапоел Никозија – Бордо
Макаби Тел Авив – Ајнтрахт Франкфурт

Група Г
Рапид Виена – Генк
Тун – Динамо Киев

Група Х
Севиља – Слован Либерец
Есторил – Фрајбург

Група И
Риека – Лион
Виторија Гимараеш – Бетис

Група J
Легија Варшава – Трабзонспор
Лацио – Аполон Лимасол

Група К
Тромсо – Анжи
Тотенхем – Шериф Тираспол

Група Л
АЗ Алкмар – Шахтјор Караганди
Макаби Хаифа – ПАОК

7 ноември 2013 - 13:41