Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Барселона и Атлетико Мадрид во осминафинале

Барселона со победата над Милан и Атлетико Мадрид со триумфот над Австрија Виена го добија визите за осминафиналето во Лигата на шампиони. Арсенал изненади на гостувањето во Германија, Пандев одигра 66 минути во победата над Марсеј, а Георгиевски го одигра целиот натпревар во ремито кај Базел.

МЗТ го разби малерот

По шест порази во низа во двете натпреварувања, кошаркарите на МЗТ Скопје го скршија мразот и ја забележаа првата победа во Еврокупот совладувајќи го естонскиот Калев од Талин со 79:70.

Најемотивниот тачдаун во американскиот фудбал

Еден голем респект за цело одделение во ова основно училиште во САД од каде децата на својот ученик со посебни потреби му го остварија сонот, се почуствуваа како херои и ја расплакаа публиката.

Ирско голчиште од 40 метри

Само едно силно рогање и асистенција на противничкиот играч беа доволни топката да стигне и да му легне на Стефан Нолан кој ја пукна во голот на младински Куп во Ирска.

Раскошниот имот на Мајкл Џордан на аукција

Ако имате вишок од 250.000 долари, а се уште ве пука носталгија по најдобриот кошаркар на сите времиња по кој НБА лигата не е повеќе иста, можете да учествувате на аукцијата на која ќе се наддаваат пари за овој луксузен дом на најславната 23-ка.

Офсајд лик на денот: Хуан Обелар

Приказнава не е за фаќање сеир, ама на голманот кој е принуден да се пензионира откако по грешка сам си пресекол четири прста со циркулар, како за утеха мора да му го дадеме нашето признание за офсајд лик.

Новите CR7 реклами на Најк

Најк отсекогаш знаеле како се прави добра реклама која ќе ве импресионира, но последната нивна кампања со Кристијано Роналдо ќе ве остави без зборови и ќе ве претвори во еден голем прашалник.

Дерби предизвици во Лигата на шампионите на Типстер

Милан на гости на „Камп Ноу", Топџиите ќе бараат одмазда во Дортмунд, Шалке оди на „Стемфорд Бриџ", а Олимпик Марсеј на жешкиот „Сан Паоло". Спектакуларна понуда со најинтересните и најнеизвесните двојки од вечерашната ноќ во ЛШ.

Кога ти е досадно на трибина

Двајца навивачи на српскиот клуб Слобода од Ужице на гостувањето во Јагодина покажаа дека навивачите знаат и да се забавуваат на трибина, а не само да прават инциденти.

На Англичаните им е поевтино да навиваат за Борусија Дортмунд

Филозофијата на Борусија Дортмунд е дека ниту еден навивач не смее да се чуствува како клиент и тие привлекуваат и по 1.000 Британци на кои им е поевтино да отпатуваат со авион во Германија отколку да проследат меч во Лондон.

Montenegro фуриозно против Гранит

Одиграни се уште три натпревари од четвртото коло на Бизнис лигата на кои победи забележаа екипите на Лукоил, Montenegro и ЈСП.

Прва гостинска победа за Антиќ и Атланта

Сакраменто Кингс им станаа редовни пациенти на Атланта Хокс. Кошаркарите на Атланта ја забележаа 11-та победа во серија над овој тим, а ова воедно е прв гостински триумф за Атланта и Перо Антиќ оваа сезона.

Чичарито промаши зицер, а Ван Перси пенал

„Црвените ѓаволи“ можеа уште вечерва да си заверат билет за осминафинале во Лигата на шампионите, а највиновни за тоа се Чичарито кој се посрамоти пред голот на Реал Сосиедад, а потоа Ван Перси утна пенал.

Реми во Торино, но и во Париз

Баерн Минхен и Манчестер Сити се првите осминафиналисти во ЛШ, а со нерешените 2:2 против Јувентус друштво им прави и Реал Мадрид. Изненадување на колото е нерешениот резултат на аутсајдерот Андерлехт против ПСЖ, а неочекувано со пораз од гостувањето во Копенхаген си замина тимот на Манчини.

Мултинационалната селекција на Шведска

Фудбалот не познава граници па затоа гледаме на пример многу швајцарски репрезентативци со косовски пасоши или француски фудбалери со потелко од некоја афричка земја. Најшаренолика е успешната приказна за младинската селекција на Шведска до 17 години.

Сите трансфери во фудбалот во 60 секунди

Австралиската компанија „Eye See Data“ специјализирана за фудбалски факти, со помош на интерактивна визуализација на картата на светот го претстави движењето на сите трансфери кои се случиле во фудбалот од 1900 година. Заклучокот им е дека 75% од нив се реализирани во последните 10 години.

Ударот на Тајгер Вудс од Азија до Европа

Најдобриот голфер во светот деновиве беше на турнир во Турција каде за учеството доби 2 милиони долари. Но на Турците им текна една луда идеја, па го искористија за атракција.

Како се искоренува расизмот од фудбалот

Минатата година Емре го навреди Дидие Зокора на расна основа, но Фудбалската федерација на Турција го казни само со 3 натпревари и покрај тоа што минималната казна за ваков прекршок се движи од 4 до 8 натпревари суспензија. На следниот меѓусебен дуел фудбалерите на Трабзонспор решија сами да ја истераат правдата.

Првиот пик уште нема дадено кош од поле

Кошаркарите кои биле бирани како први прикови на НБА драфтот секогаш имале тежок почеток на сезоната, но најверојатно никој не бил толку ужасен како Ентони Бенет кој и по четири натпревари се уште нема постигнато ниту еден поен од поле.

Бизнисот го уби фудбалот

Навивачите на Рајо Ваљекано протестираа против распоредот и термините за одигрување на натпреварите кои се контролирани од телевизиите.

Јувентус брка прва победа, а Кралевите осминафинале

Дури шест европски гиганти може да обезбедат пласман помеѓу најдобрите 16 екипи уште во четвртата рунда од групната фаза во Лигата на шампионите. Тоа се европскиот шампион, двете екипи од Мадрид, Барселона, Манчестер Сити и ПСЖ.

Автокош тројка

Пожртвуваноста не секогаш се исплати. Тоа најдобро го знае Џејмс Јанг од Универзитетот Кентаки кој во обид да спаси топка од аут, си постигна автокош.

Пирло му ја нудел на Галијани сестрата на Гатузо

На фудбалските терени го гледаме како скромен и срамежлив тип кој често пати ладнокрвно ги полни мрежите од слободен удар или од пенал, но Андреа Пирло кој е еден од најдобрите италијанските фудбалери, бил и еден од најголеми шегаџии.