Раскошниот имот на Мајкл Џордан на аукција

Ако имате вишок од 250.000 долари, а се уште ве пука носталгија по најдобриот кошаркар на сите времиња по кој НБА лигата не е повеќе иста, можете да учествувате на аукцијата на која ќе се наддаваат пари за овој луксузен дом на најславната 23-ка.

Девет спални соби, 19 бањи, базен, езерце, неодолива природа, винарија, теретана, кошаркарска сала, тениски терен и уште ред други луксузи се распослани на комплексот од 5000 квадрати.

Откако неговите деца се преселиле во станови, легендарниот Џордан немал потреба повеќе да живее во овој огромен дворец на кој вреди да му фрлите око во следните 8 и кусур минути.

6 ноември 2013 - 16:45