БЛ 4-то коло (втор ден)

Montenegro фуриозно против Гранит

Одиграни се уште три натпревари од четвртото коло на Бизнис лигата на кои победи забележаа екипите на Лукоил, Montenegro и ЈСП.

Лукоил не дозволи пресврт во натпреварот против ЕВН
ЕВН 4-5 (1-5) Лукоил
ЕВН: Живко Трпески 13', 32', Исамедин Салиу 32', Патрик Караѓуле 40'
Лукоил: Дејан Зиков 2', Марјан Цветковски 11', 15', Владимир Секуловски 13', Игор Дамјановски 19'
И двете екипи доста офанзивно тргнаа во овој натпревар, со добри проигрувања и прецизни удари атакуваа кон противничкиот гол. Екипата на Лукоил стекна голема предност уште во првото полувреме кое заврши со 1-5. Во второто полувреме екипата на ЕВН го внесе Илија Мандаров како голман играч, како би имала играч плус во нападот. Оваа одлука се покажа како исправна и екипата на ЕВН стигна до само два гола разлика. Но, на крајот се чини дека немаше сили за целосен пресврт. Натпреварот заврши со 4-5.

Montenegro фуриозно против Гранит
Montenegro 10-3 (5-0) Гранит
Montenegro: Горан Новакоски 2', 9', 27', Сашо Павлоски 5', Ивица Јанкоски 5', 29', Даниел Настевски 9', 26', 38', Славче Симуноски 32'
Гранит: Благоја Тагасовски 30', Далибор Велковски 30', 37'
Во овој натпревар екипата на Montenegro прикажа апсолутна доминација. Беа надмоќни како во делот на нападот, така и во делот на одбраната. Екипата на Гранит пак, не се снајде најдобро и во текот на целиот натпревар не доби вистинска шанска да се приклучи кон истиот. Мора да напоменеме дека видлив е напредокот кај екипата на Montenegro. Montenegro издвојува убедлива победа од 10-3. Полувреме 5-0.

ЈСП се намачи со АМСМ
ЈСП 5-3 (2-2) АМСМ
ЈСП: Давор Калиновски 7', 24', 27', Дејан Блажевски 14', 35'
АМСМ: Ивица Аврамовиќ 7', 33', Мартин Фотевски 11'
Екипата на АМСМ се покажа како тврд орев во дуелот со екипата на ЈСП. Иако ЈСП на самиот почеток тргна доста офанзивно, со одлично изработен напад, АМСМ одговори соодветно на нивната игра и полувремето го заврши со 2-2. На почетокот од второто полувреме екипата на ЈСП со два гола по ред резултатски се одлепи, но во 30' екипата на АМСМ со гол фати резултатски приклучок со кој се влезе во интересна завршница. Но пред самиот крај, екипата на ЈСП постигна погодок, што ја обезбеди победата на овој натпревар од 5-3.

Денес финишира четвртото коло

Денеска завршува четвртото коло на Бизнис Лигата на Македонија. Вечерва во малата сала на СЦ"Борис Трајковски" натпреварувачите повторно ќе си ги одмерат силите на паркетот а за подобар пласман ќе се борат следните шест екиипи:

UNIQA - Глобко Логистик 19:30
Eurolink - Општина Карпош 20:30
Dominos pizza - SISTINA 21:30

Возбудата продолжува и вечерва, неизвесноста и адреналинот ќе бидат присутни до самиот финиш на натпреварите. Брз, квалитетен и атрактивен фудбал е она кое што вечерва ќе имаат можност да го видат присутните во малата сала на СЦ "Борис Трајковски".

6 ноември 2013 - 08:58