Ударот на Тајгер Вудс од Азија до Европа

Најдобриот голфер во светот деновиве беше на турнир во Турција каде за учеството доби 2 милиони долари. Но на Турците им текна една луда идеја, па го искористија за атракција.

Мостот кај Истанбул кој ги спојува Азија и Европа беше затворен за сообраќај во еден правец за да му се овозможи на Тајгер Вудс да бие од едниот до другиот континент.

Најдобриот голфер пред изведувањето на ударот се загреваше 20 минути, а настанот го проследија во живо турски и странски телевизии.

Не беа сите воодушевени од оваа идеја, па правдата за закочениот сообраќај имаа можност да ја бараат на тв во живо.

5 ноември 2013 - 16:12