Несреќен случај во Уругвај доведе до завршување на кариерата на голманот Хуан Обелар кој загубил четири прсти од раката.
34-годишниот чувар на голот кој во 2008-та година ја има освоено шампионската титула во Хондурас, има играно и за екипи од Колумбија, а последен негов клуб за кој настапувал е уругвајскиот Феникс.
„Работев по дома и сечев дрва со пила и следно нешто што знам е дека машината ми пресече четири прста", изјави Обелар.
Голманот останал само со палец на левата рака и е приморан да стави крај на својата кариера.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.