Најемотивниот тачдаун во американскиот фудбал

Еден голем респект за цело одделение во ова основно училиште во САД од каде децата на својот ученик со посебни потреби му го остварија сонот, се почуствуваа како херои и ја расплакаа публиката.

Американскиот фудбал е еден од најважните спортови во САД кој се практикува уште од основните школи. Во едно училиште во Мичиген заедно со екипата редовно тренирал и Кит Ор дете со пречки во развојот, кој кога ќе дошол натпревар за играње бил само дел од резервната клупа.

Неговите соученици смислија една генијална идеја. Без никаква најава, за која не беше исвестен ниту нивниот тренер ја сопреа акцијата, а потоа го ставија во игра Кит и на даден сигнал тргнаа напред, го пробија редот и му овозможија да го постигне најемотивниот тачдаун.

Децата кои обично на таа возраст сакаат да докажат кој е најјак, со овој потег ги шокираа и расплакаа тренерот, публиката, па и светот затоа што беа главна сторија на вестите.

„Не беше никогаш популарен во школо, но ете баш тој успеа на сите да ни го разубави денот. Искрено мене никогаш не ми текнало од Кит да направам херој. Секогаш сум бил како другите и сум сакал само мене да ми биде убаво и уште на некои мои блиски другари. Но оваа акција мене ме направи човек кој им посакува на сите да им биде добро", раскажува во солзи неговиот соиграч Џастин Милер.

 

6 ноември 2013 - 17:33