Овој текст ќе ни беше сосема нормален доколку се однесуваше на пример на еден Марио Балотели кој додека настапуваше во Манчестер Сити ги гаѓаше младинските фудбалери на клубот со чател. Но Џенаро Гатузо во тв емисија на Раи ни открива многу интересни и неочекувани пикантерии за италијанскиот репрезентативец Андреа Пирло.
„Кога го гледаме Пирло изгледа како да има лице на ангел, но тој е уствари кучкин син, секогаш прави шеги и не седи мирен. Се сеќавам на еден случај кога додека ручавме во тренинг центарот на Милан си го заборавив мобилниот телефон, а тој му испрати смс порака на Адријано Галијани во која му ја понуди сестра ми", раскажува Гатузо.
Кој знае што ќе се случило доколку пораката стигнела кај претседателот на Милан Силвио Берлускони кој додека беше Премиер на Италија беше обвинет за љубовна афера со малолетничка, како и за организирање домашни забави со познати водителки и старлети.