Јувентус брка прва победа, а Кралевите осминафинале

Дури шест европски гиганти може да обезбедат пласман помеѓу најдобрите 16 екипи уште во четвртата рунда од групната фаза во Лигата на шампионите. Тоа се европскиот шампион, двете екипи од Мадрид, Барселона, Манчестер Сити и ПСЖ.

Вечерашната дерби пресмета во најсилното клупско европско натпреварување е закажа во Торино каде тимот на Карло Анчелоти со победа уште вечерва ќе го завери осминафиналето.

Реал Мадрид може и со бод да оди понатаму, но доколку Копенхаген не триумфира на домашен терен против Галатасарај. На вечерашната пресметка под голем притисок ќе биде актуелниот италијански шампион кој има само два бода и доколку не победи, може да си го искомпликува патот до следната фаза.

Полесна задача за пласман помеѓу топ 16-те екипи има ПСЖ кој со победа против аутсајдерот во групата Андерлехт, кој нема ниту еден бод, ќе биде пласиран во осминафиналето, без разлика на резултатот од средбата помеѓу Олимпијакос и Бенфика кои се борат за второто место.

Д групата е единствената каде ова коло на две екипи може да им донесе пласман во осминафиналето. Европскиот шампион оди понатаму со победа против Викторија Плзен, а исто времено ЦСКА Москва да не го победи Манчестер Сити.

Баварците може да станат осминафиналисти и со бод на гостувањето во Чешка, но во тој случај Русите ќе мора да загубат од Сити. Составот на Пелегрини вечерва ќе обезбеди пласман доколку освои три бода на домашен терен против рускиот претставник.

Останатите две екипи кои може да станат осминафиналисти по само четири кола играат утревечер. На Атлетико Мадрид му треба победа против Австрија Виена или бод доколку Зенит го совлада Порто. Барселона оди понатаму со три бода пред своја публика против Милан.

Група А
Шахтар Доњецк - Баер Леверкузен
Реал Сосиедад - Манчестер Јунајтед

Група Б
Јувентус - Реал Мадрид
Копенхаген - Галатасарај

Група Ц
Пари Сен Жермен - Андерлехт
Олимпијакос - Бенфика

Група Д
Манчестер Сити - ЦСКА Москва
Викторија Плзен - Баерн Минхен

5 ноември 2013 - 13:29