Минатата година Емре го навреди Дидие Зокора на расна основа, но Фудбалската федерација на Турција го казни само со 3 натпревари и покрај тоа што минималната казна за ваков прекршок се движи од 4 до 8 натпревари суспензија. На следниот меѓусебен дуел фудбалерите на Трабзонспор решија сами да ја истераат правдата.