Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

„Шут у дупе“ автогол

Немаме многу информации за овој погодок, освен тоа дека е постигнат во некоја африканска лига, а ние можеме да го кандидираме за најсмешниот автогол на сите времиња.

Молери и водоводџии играат во англискиот Куп

Се оствари сонот на играчите од еден мал фудбалски клуб од англиско селце. Шортвуд Јунајтед составен од манекени, студенти, молери и водоводџии, за прв пат во историјата се пласираше во првото коло на ФА Купот.

Махер од Англија фати 100.000 фунти во кладилница

27-годишен Англичанец погоди 15 натпревари од британските лиги и за една фунта ќари 100.000.

ЕЛЕМ сигурен во победата над One

Стартуваше четвртото коло од Бизнис лигата со три натпревари на кои победи извојуваа ЕЛЕМ, Македонски Телеком и ArcelorMittal.

Рафа Бенитез е светец на Наполи

Само нешто повеќе од два месеци беа доволни Наполитанците "да побудалат" по новиот стратег кој не се прослави во Интер, но со вториот италијански тим тој викендов го одбележа најдобриот старт во историјата на клубот.

Најдобриот Холанѓанец во Премиер лигата

Робин ван Перси игра фантастично за тимот од „Олд Трафорд" и со последниот погодок против Фулам стана најдобриот холандски стрелец на островот.

Американски проектил со ефе

Нешто слично како голчиштето од Азија, се случи и во МЛС каде фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Шон Френклин на најдобар можен начин ги постави конечните 1:0 против Реал Солт Лејк.

Најомразените ѕвезди од фудбалските терени

Симулираат, плукаат, пцујат, провоцираат, гризат. Долга е листата на глупости кои ги гледаме во фудбалот и тоа во режија на големите имињи кои непотребно си го валкаат реномето и потоа стануваат дел од вакви непопуларни листи.

Стартуваше ноемвриската борба на Типстер

Успешно го завршивме тестирањето на Типстер (барем првото, понатаму уште ќе подобруваме) и сега со речиси 2.000 регистрирани типстери ја почнуваме трката за рејтинзи и подароци во ноември.

Автогол од пола терен

Фудбалерот на германскиот четвртолигаш Швајнфурт, Стефан Сојферт го постигна најефектниот гол во неговата кариера, но на овој погодок му се израдуваа противниците. Кутриот фудбалер си постигна автогол со шут од 50 метри.

Ериксон: Фергусон ми правеше притисоци на телефон во 7 часот наутро

Искусниот шведски стратег кој смени 12 тренерски клупи и неколку швалерки, има многу раскажани пикантерии во својата книга „My Story". Дел од нив се проблемите кои ги имал со легендарниот Ферги на кој требал да му биде наследник.

Најлудото дерби во 100 секунди

Тепачки, бакљи, водени топови, пожари, прекини... натпреварот помеѓу Црвена Звезда и Партизан имаше се што му е потребно на едно вистинско дерби помеѓу лути градски ривали (за разлика од на пример дербито на Манчестер). Токму затоа и Англичаните го нарекоа најлудото дерби на светот. Како помина 145-то дерби помеѓу Звезда и Партизан во 100 секунди.

15.000 долари казна за непристојна прослава

Кошаркарот на Бруклин Нетс, Ендри Блач заработи казна од 15.000 заради непристојна прослава. Резервниот центар непристојно гестикулираше при прославата на тројка на клупата за резерви за време на победата над Мајами.

Офсајд лик на денот: Џо Кинер

Спортскиот директор на Њукасл, Џо Кинер дава максимум од себе за да стане најомразената личност во фудбалот. Тој заслужено го доби нашето признание за офсајд лик откако сакал да купи играч кој веќе е член на Њукасл.

Азиското финале решено со голчиште од 30 метри

Екипата на Ал Кувајт триумфираше во финалето на АФЦ купот благодарение на одличното издание на Бразилецот Рожерињо.

Антиќ и Атланта немаа сили за целосен пресврт против Лејкерси

Атланта Хокс на Перо Антиќ го забележа вториот пораз на третиот натпревар во новата сезона на НБА лигата. Овој пат Атланта беше блиску до изненадување во Лос Анџелес, но на крајот Лејкерси победија со 105:103.

Ја скина мрежата

Еден од најдобрите голови овој викенд беше постигнат во англиската трета лига, а мајсторот е Џо Џејкобсон од Шрусбери Таун кој ја скина мрежата на Шефилд Јунајтед со проектил од 30 метри.

Гол со петица по чорапа

Нашиот херој на денот се вика Тиери Фиџу и настапува за австрискиот второлигаш Хорн. Фудбалерот од Екваторска Гвинеја остана без копачка, но тоа не го спречи да продолжи да игра и даде гол и тоа со петица.

Навивачот кој ја замени трибината со претседателска фотелја

Додека некои наши клубови ги водат личности кои се нашле на функција само заради партиски заслуги, на запад на челните функции се луѓе кои израснале со клубот. Таков е примерот со претседателот на Ајнтрахт Фракнфурт кој во минатото бил водач на ултрасите.

Фетел и Ред Бул стануваат здодевни

Светскиот првак во Формула 1 шампионатот, Себастијан Фетел продолжи да доминира на патеките. Овој пат тој немаше конкуренција на трката за Големата на града на Абу Даби каде Ред Бул оствари еден-два победа.

Дебакл на МЗТ во Смедерево

Актуелниот македонски шампион очигледно се наоѓа во кризен период. По двата порази во Еврокупот и трите во АБА лигата, тимот од Аеродром го одбележа и шестиот непосакуван резултат во низа на меѓународните натпреварувања. Мега Визура славеше убедливо со 101:82.

Тикет на колото

Овој викенд одиме со четири сигурни парови за добитен тикет и уште два бонус типови за похраби.