Кошаркарите на ЛА Лејкерс испуштија водство од 17 разлика во третата четвртина и им дозволија на Атланта Хокс да израмнат на 103:103 во последната минута. На шест секунди до крајот Гасол погоди две слободни и на спротивната страна тој го изблокира шутот на Кровер по додавањето на Антиќ за конечни 105:103.
Перо Антиќ одигра 7 минути и 40 секунди за кои постигна 2 поени (1/3 за 2 и 0/1 за 3 поени), а имаше и 4 скокови и една украдена топка.
Најефикасни во победничкиот тим беа Ксавиер Хенри со 18 и Пау Гасол со 16 поени, а Кајл Корвер со 22 поени беше најдобар во редовите на Атланта.
Во среда наутро во 4 часот по наше време, Атланта Хокс гостуваат кај Сакраменто Кингс.
Резултати од денешните натпревари:
Детроит - Бостон 87:77
Мајами - Вашингтон 103:93
Орландо - Бруклин 107:86
ЛА Лејкерс - Атланта 105:103
Оклахома Сити - Феникс 103:96
Њујорк - Минесота 100:109