Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Голови на неделата

Редовниот преглед со најдобрите десет голови од изминатите седум денови, помеѓу нив и лобот на Санчез со кој го реши Ел Класико.

Први поени за Антиќ и прва победа за Атланта

Перо Антиќ ги постигна првите поени на официјален натпревар во НБА. Првиот Македонец во ова натпреварување имаше учинок од пет поени во првата победа на Атланта Хокс оваа сезона, совладувајќи го Торонто со 102:95.

Убаво е да се биде Коби Брајант барем на први ноември

Ок е денешниот ден затоа што веројатно ви стигнала платата и сега правите планови какви ќејфови да терате викендов. Најлесно тоа ќе го испланира Коби Брајант затоа што денеска му легнаа на сметка скромни 24 милиони долари.

Што има во мобилниот на Лавеци?

Не е на одмет малку глупирање и кај фудбалерите кои не можат да се пофалат со многу слободно време за приватен живот. Мобилниот телефон во соблекувалната на ПСЖ си го заборавил Лавеци, но тој потоа го постирал видеото на инстраграм со молба Адриен Рабион, Мај Мори и Мајк Магнан да не бидат отпуштени.

Кулхард на хелидром го загреа болидот

Себастијан Фетел ја обезбеди титулата во Формула 1 на три трки до крајот на сезоната, но викендов ќе се вози во Абу Даби, а болидот на Ред Бул го подготвуваше пензионираниот возач Дејвид Кулхард кој ги прегреа гумите на врвот на еден од највисоките хотели во светот на височина од 320 метри.

Еспањол - помалиот брат на Барселона

Вечерва во Шпанија ќе се одигра градското дерби помеѓу каталонскиот гигант кој секој го знае и невидливиот тим кој секогаш е во сенка на својот поголем брат: Барселона - Еспањол.

Рома нема најдобар старт во Италија

Со вчерашната минимална победа над Киево фудбалерите на Рома стигнаа до десеттата победа во низа и со тоа го срушија рекордот на Јувентус, но тоа не е најдобар старт во италијанското првенство.

Хрватите во Исланд само со волнени гаќи

Делегација на Фудбалскиот сојуз на Хрватска смрзна при посетата на Исланд па на своите навивачи им порачаа да си облечат ѕиври.

Од Лига на шампиони заврши во сала со другарите

За Феличе Наталино во годината кога Бенитез го водеше Интер, се зборуваше дека се работи за млад фудбал со голем просперитет и амбиции, но за жал ова талентирано момче се прости од играње професионален фудбал на само 21 година поради проблеми со срцето.

Кога ќе го фатиш голманот неспремен

Тинејџерот од екипата на Челси до 16 години, Мухтар Али успеа да го измами голманот на Реал Мадрид со гол од околу 40 метри на натпревар со кој младинците на англискиот тим освоија меѓународен турнир минатата недела.

Учителот стриптизер стана најталентиран тренер во Европа

Екипата чиј што тренер пред четири години се соблече на стадион откако избори опстанок во лигата, предводена од истиот тој тренер сега се наоѓа на чекор до историска титула во првенството на Норвешка.

Тимската игра на младинците на Свонси

Екипата на Свонси до 18 години демонстрираше што е тоа тимска игра. На натпреварот против Лидс тие постигнаа гол по 32 додавања, а притоа сите 11 фудбалери беа вклучени во акцијата, па дури и голманот.

Перфектната Рома го урна рекордот на Јувентус

Фудбалерите на Рома имаат многу причини за славје. Не само што по подолго време се неприкосновени лидери во Серија А, туку и го срушија рекордот на Јувентус со 10 победи на почетните 10 натпревари.

Манијаците и Питарите “го запалија“ Сараево

Босанците исто како и нас не можат да се пофалат со некоја силна и квалитетна фудбалска лига, но додека во македонското првенство градските дербија се играат среде бел ден со скромна навивачка атмосфера и неколку стотици гледачи, таму таквите натпревари се рамни на религија.

Голчиштето на Емерсон

Најефикасен меч на синоќешните натпревари од Серија А беше оној помеѓу Ливорно и Торино кој заврши 3:3, а најубав гол на колото дефинитивно е бомбата на Ливорно која ја испука Бразилецеот Емерсон.

Карта за НБА натпревар за „само“ 15 илјади долари

Ако случајно сте добиле седмица на лото, можеби ќе сакате да потрошите 15.000 долари за од прв ред да го гледате дербито Мајами-Лејкерс. Не е проблем и ако немате толкав џеб. Некои натпревари во НБА може да ги гледате и за помалку од 10 долари.

Стриптиз на градоначалникот ако Рома освои Скудето

Рома сезонава ја изненади целата спортска италијанска јавност со маестрален старт во Серија А од девет победи на девет меча, но уште повеќе изненади изјавата на градоначалникот на Рим во случај „Римската волчица" да слави на крајот.

Како Борусија Дортмунд ги рециклира дресовите на Геце

Нов продукт во официјалните продавници на Борусија Дортмунд е дрес на Марио Геце прелепен со името на Мхитарјан.

Среќен роденден Марко ван Бастен

По вчерашниот роденден на Марадона, еден друг фудбалски великан денеска ќе дува свеќи. Се работи за легендата на холандскиот фудбал Марко ван Бастен кој денеска полни 49 години. Најдобро од него за дресот на Ајакс, Милан и холандската селекција во фантастично 5 минутно видео.

Рагбисти полудеа за дресови како тинејџерки

Наместо стандардните зелени или бели дресови, Универзитетот Охајо реши да ги изненади своите рагбисти со црни дресови, а притоа и да ја снима нивната реакција при промоцијата. Играчите малку претераа со нивната реакција и станаа хит на интернет.

Офсајд лик на денот: Гаџи Тало

Легендарниот Фабрицио Раванели кој е тренер на францускиот прволигаш Ажаксио наседна на глумата на својот фудбалер Гаџи Тало и по грешка го замени напаѓачот кој само се фолирал за да задржи време.

Телеком поснаодлив од One

Со победите на Македонски Телеком, ЕЛЕМ и Montenegro, комплетирано е третото коло во Бизнис лигата.