Карта за НБА натпревар за „само“ 15 илјади долари

Ако случајно сте добиле седмица на лото, можеби ќе сакате да потрошите 15.000 долари за од прв ред да го гледате дербито Мајами-Лејкерс. Не е проблем и ако немате толкав џеб. Некои натпревари во НБА може да ги гледате и за помалку од 10 долари.

Натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Мајами Хит кој ќе се одигра на 23 јануари следната година е еден од дуелите кои вистинските НБА фанови не смеат да ги пропуштат оваа сезона. До тогаш се очекува Коби Брајант целосно да има заздравено од повредата, па овој натпревар ќе биде вистинска борба помеѓу него и Леброн Џејмс.

Токму затоа влезниците за овој натпревар почнаа да се продаваат со неверојатна брзина уште откако се објави распоредот за новата сезона. И не само што влезниците се распродаваат со голема брзина, туку и нивните цени вртоглаво скокнаа.

Во моментов најевтините влезници за највисоките и најодалечените седишта чинат 111 долари и има само уште две вакви влезници. Оние со длабок џеб кои сакаат да бидат видени на ТВ можат да седат во прв ред покрај теренот за што ќе треба да платат 14.885 долари. И за овие седишта има останато само уште две влезници.

Но не се сите натпревари толку недостапни за љубителите на кошарката. Некои сали се до толку празни, а тимовите се до толку очајни за публика што продаваат влезници и за под 10 долари, а на некои можете да се влезе игратис.

Детроит Пистонс продаваат пакет од влезници за 10 натпревари за само 76 долари, а Милвоки Бакс даваат натпревар за секој што има купено влезници за други 10 натпревари.

Нема многу скапо да поминете и ако сакате да го гледате Перо Антиќ на домашен терен. Најевтините влезници за првиот натпревар на Атланта на домашен терен против Торонто чинат 21 долар.

31 октомври 2013 - 15:27