Рома има 10 од 10 на стартот од сезоната 2013/2014 во Серија А и тоа е веќе нов рекорд и важен податок за статистичарите во фудбалот. Но апсолутниот рекорд со најмногу победи на почетокот од една сезона во Италија го има една друга екипа.
Се работи за најголемиот ривал Лацио кој во далечната сезона 1913/1914 стигнал до бројка од дури 14 победи во низа на почетокот од првенството, така што рекордот на Рома останува да се одбележи откако италијанската лига го добива името Серија А во 1929 година.
Во тоа време италијанското првенство се викало Прва категорија и најпрвин се играло по региони, а фудбалерите на Лацио триумфирале на првите 10 меча со 52 дадени и само 5 примени гола. Потоа имале уште четири победи во финалињата од регионот Центар-Југ и стигнале до бројката од 14 победи во низа.
Во финалниот меч се сретнале со екипата на Казале од кои биле поразени на двата меча, а со тоа Казале станал шампион на Италија.