Ливорно, Верона, Парма, Лацио, Сампдорија, Болоња, Интер, Наполи, Удинезе, Киево... перфектен старт за Рома.
Со 10 победи на 10 натпревари, Рома го урна рекордот на Јувентус предводен од Фабио Капело во сезоната 2004/2005. Ова е најдобар старт на една екипа во историјата на Серија А.
Рекордот на Рома е уште по импресивен ако се знае дека помеѓу овие 10 победи се и триумфи над Лацио, Наполи и победа од 0:3 на гостувањето кај Интер.
На првите 10 натпревари Рома постигна 24 гола, а прими само еден.
Ливорно - Рома 0:2
Рома - Верона 3:0
Парма - Рома 1:3
Рома - Лацио 2:0
Сампдорија - Рома 0:2
Рома - Болоња 5:0
Интер - Рома 0:3
Рома - Наполи 2:0
Удинезе - Рома 0:1
Рома - Киево 1:0
По 10 одиграни кола Рома има пет поени предност во однос на Наполи и Јувентус, а момците предводени од Руди Гарсија веќе се главни фаворити за скудетото.