Неверојатната сцена се случи викендов на натпреварот помеѓу Генгамп и Ажаксио. При водство на гостите од 0:1, напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска, Гаџи Тало беше изнесен од теренот со помош на носилки заради повреда.
Сепак гостинскиот фудбалер само симулирал за да заштеди време, но тоа го направил толку убедливо што наседна дури и неговиот тренер, легендарниот Фабрицио Раванели.
Италијанскиот стратег веднаш внесе во игра нов фудбалер, а откако фолирантот Тало примети дека е заменет, чудесно закрепна во истиот момент, но веќе беше предоцна.
Генгамп потоа направи пресврт и на крајот триумфираше со 2:1.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.