Хавиер Агире е тренер на шпански прволигаш од Барселона и секој ден ги прелистува четирите шпански спортски весници, но се мачи да најде некоја вест за неговиот тим. Агире е тренер на Еспањол, фудбалскиот клуб познат како вториот клуб од Барселона.
„Ние сме вториот тим во градот. Но има и добри страни. Нашите навивачи се многу страсни, а нивната омраза кон Барселона е огромна", изјави Агире.
Додека градските ривалства најчесто се заради поделеност на маала, класи, националност или вера, тука главната причина е слободата.
Навивачите на Барселона сакаат независноста на Каталонија, а оние на Еспањол повеќе се приврзани за обединета Шпанија. Прашањето за каталонската независност е константен проблем во овој регион, па многу навивачи на Барселона го мразат Еспањол повеќе и од Реал Мадрид.
Вечерашниот дуел помеѓу Барселона и Еспањол ќе биде нивна 159-та средба. Поголемиот брат доминира со 89 победи, 35 натпревари завршиле нерешено, а Еспањол триумфирал само 34 пати.