Последната шампионската титула екипата на Рома ја освои под водство на Фабио Капело во 2001 година, а навивачите на еден плоштад во Рим уживаа во настапот на познатата актерка Сабрина Ферили која се прошета во бикини на бината.
Слично нешто ги очекува и на крајот од оваа сезона, но со таткото на градот, Игнацио Марино кој за време на радиско интервју вети дека ќе се соблече доколку на крајот Рома стигне до Скудетото.
„Ако Рома го освои скудетото ќе се соблечам, но ајде да не зборуваме премногу, затоа што навивачите се суеверни и и мислам дека почнаа многу да се заколнуваат", рече градоначалникот на Рим.
Како го замислил тоа градоначалникот на главниот град на Италија се уште не е познато, но во минатото ветувањата во Рим си ги исполнуваа шармантните навивачки на Рома и Лацио. Ова е моментот кога актерката Сабрина Ферили ја славеше титулата со навивачите на Рома.
Една година пред тоа кога до Скудетото стигна Лацио, а стриптиз вети и исполни актерката Ана Фалки.
И сега замислете си стритиз со некој наш градоначалник, доколку на пример Вардар ја одбрани шампионската титула.