Перо Антиќ, Атланта Хокс и тренерот Мајк Баденхолцер го скршија мразот. Прва победа на Атланта Хокс оваа сезона во дебито пред домашна публика, први поени за Перо Антиќ во НБА лигата, а воедно и прва победа за Мајк Баденхолцер во неговата кариера како прв тренер.
По израмнетата прва четвртина, пресвртницата на натпреварот се случи пред крајот на првото полувреме кога Атланта направи серија од 13:2, а во тие моменти Перо Антиќ ја постигна и својата прва тројка во НБА.
Со оваа серија Атланта на полувремето замина со предност од 10 поени, а во третата четвртина нивното водство достигна и 18 поени. На крајот Атланта Хокс ги совладаа Репторси со 102:95.
Антиќ одигра 11 и пол минути за кои постигна 5 поени (2/4 за 2 и 1/2 за 3 поени), а забележа и по еден скок и асистенција.
Во понеделник наутро во 3:30 по наше време, Перо и Атланта ќе им гостуваат на ЛА Лејкерс.