Еден од најдобрите кошаркари во светот е повреден веќе подолго време, но тоа не е пречка тој да не биде и натаму најплатениот кошаркар во светот. За Коби Брајант кој напорно тренира за побрз кам бек на паркетот овој први е бериќетен, затоа што ќе добие 24 милиони долари.
Играчите во НБА вообичаено земаат плата во текот на сезоната, но тие имаат право да преговараат индивидуално и да побараат друг начин на исплата, па така големата ѕвезда на Лејкерски се изборил за посебен договор.
Со оглед на тоа што максималната еднорочна исплата во НБА е 80% од целата плата, тој според договорот денеска ќе ја добие цела сума која изнесува точно 24,362,044 долари, а останатиот од дел од платата во износ од 6,1 милион долари ќе го добие на рати се до идниот мај месец.
И покрај тоа што со своите 35 години веќе се вбројува помеѓу ветераните, Коби Брајант е махер за правење кеш и е понатаму најскапо платен кошаркар во НБА со годишна плата од 30,5 милиони долари.
Останатите играчи не можат да заработат толку пари за цела сезона, колку што тој денеска ќе добие на сметка. Во досегашната кариера само од платите во НБА има заработено вкупно 275 долари, а ова се останатите деветмина зад него со највисоки плати изразени во милиони долари.
1. Дирк Новицки 22,7
2. Амаре Стадемаер 21,67
3. Џо Џонсон 21,5
4. Кармел Ентони 21,4
5. Двајт Хауард 20,5
6. Пол Гасол 19,3
7. Крис Бош 19,1
8. Леброн Џејмс 19,1
9. Двејн Вејд 18,7