Лидерот на Лејкерси ја повреди ахиловата тетива на натпреварот против Голден Стејт Вориорс и веднаш подлегна на операција. Првичните прогнози се дека тој ќе паузира од 6 до 9 месеци, што значи дека кога Коби ќе се врати на паркетот ќе има 35 години.
На овие години опоравувањето од ваква сериозна повреда не е исто како на почетокот на кариерата, па многумина предвидуваат дека тој никогаш нема да може да се врати во форма.
Но оние кои го познаваат Коби знаат дека тој е огромен борец и еден од највредните и најупорните спортисти. Ако некој може целосно да се опорави од оваа повреда, тоа е Коби Брајат, а еве и зошто:
- За време на неговите средношколски денови, едно утро тој се појавил во салата за тренинг во 5 часот наутро и ја напуштил вечерта во 19 часот.
- Додека се подготвувал со репрезентацијата на САД за ОИ во Лондон, разбудил еден од тренерите во 4 часот наутро и го повикал да тренираат. Тренерот си заминалч во 7 часот и кога се вратил во 11 за редовен тренинг, Коби се уште бил таму.
- По редовните тренинзи, Коби тера некои од помладите кошаркари да играат 1 на 1 против него и тоа до 100 поени.
- Шекил во својата книга пишува за тоа како секогаш кога тој ќе пристигнел на тренинг, Коби веќе бил таму и тренирал движење, дриблинг и шут, но без топка.
- Си ги брои сите поени на тренинг и не си заминува додека не постигне барем 400.
- Во 2008-та година ги натерал Најк да скратат неколку милиметри од ѓонот на неговите патики за да го подобри времето за реакција за неколку стотинки.
- Три пати на ден по 20 минути држи мраз на своите колена за да избегне повреди.
- Кога не тренира, тој гледа снимени натпревари и тренинзи и го анализира движењето на останатите кошаркари. Многу често за време на полувреме од натпревар, тој го пушта својот лаптоп и на колегите им дава совети со видео материјали од неговата архива.
- Освен тренинзите во сала, тој поминува и 4 часа дневно во фитнес клуб.