Заигра заедно со Самуел Ето на 18 години, на истата возраст ја почувствува Лигата на шампионите и тоа имаше чест да влезе како замена за Хавиер Занети, но на крајот ќе мора да се помири со играње фудбал во сала.
Тажна е приказната за младиот бек на Интер кој требаше да биде дел од иднината на клубот кој почна да прави промени во играчкиот кадар со млади фудбалери кои годинава ги води Валтер Мацари, под новата сопственост на индискиот тајкун Тохир.
„Докторите во Кротоне ми најдоа еден вид на аритмија на срцето, а јас мислев дека ќе ми помине со помош на лекарства и одмор. Една ноќ во месец февруари додека седев дома се почуствувам како да ќе ми експлодира срцето. Имав ужасни 10 дена и мислев дека ќе умрам. Потоа бев на операција во Милано", раскажува Наталино.
Талентираниот дефанзивец порасна во младинскиот тим на Кротоне, а потоа Интер со учество и на Џенова го купи за 1,2 милиони евра. Дебитираше во Серија А на 28 ноември 2010 година на мечот Интер – Парма кога Бенитез му даде шанса од клупата на местото на Сантон.
Настапи од првата минута на меч против Лацио, а истата година влезе и на мечот од Лигата на шампионите помеѓу Вердер и Интер. Потоа беше позајмен во Верона во Серија Б, па се врати во Кротоне за да на крајот да ја заврши кариерата во Интер кој го откупи целосно.
„Кога џогирам и играм фудбал со пријатели се чуствувам добро и немам ниту тахикардија. Но не смеам повеќе од ова. Се надевам дека еден ден ќе можам да се вратам на терените, се зависи од наредните контроли. Ако треба да одбирам, би заминал во Англија или Шпанија", вели Наталино.
Беше дел и од младинските селекции на Италија, а како идол го издвојува Самуел Ето за кој вели дека му било чест што играл со него. Покрај физичката форма која ја одржува во теретана и на мал фудбал, му помага на својот татко во фудбалската школа за млади таленти.