Кога по завршувањето на минатата сезона Марио Геце премина во ривалот Баерн Минхен, талентираниот фудбалер не само што ги разочара навивачите, туку и им направи проблеми на Борусија Дортмунд.
Геце беше миленик на публиката во Дортмунд и неговите дресови се продаваа како алва, па откако беше објавен неговиот трансфер, во магацините им остана премногу непродадена роба со неговото име.
Но махерите од Дортмунд смислија многу добар начин за да се ослободат од вишокот. На непродадените дресови со името на Марио Геце и бројот 10, тие залепија жолти траки со името на новиот напаѓач, Хенрих Мхитарјан.
Нормалната цена на дресовите е 84,95 евра, а новите „рециклирани" дресови сега се продаваат за 29 евра.