Македонски Телеком поснаодлив во телекомуникациското дерби со One.
Македонски Телеком 3-1 (0-1) One
Македонски Телеком: Ивица Вељановски 28', Веселин Крстевски 36', 37'
One: Славчо Петревски 8'
Секоја од екипите имаше свое полувреме во овој натпревар. Во првото полувреме екипата на One иако со само еден гол предност го заврши полувремето, имаше апсолутна доминација. Затоа пак во второто полувреме минатогодишниот шампион ги консолидираше своите редови, пред се со одлична игра во нападот, постигнувајќи дури три погодоци, за победа на овој натпревар од 3-1. Кај екипата на One ова беше воедно и последниот натпревар за Славчо Петревски кој во понеделник патува за Австралија. Екипата на Бизнис Лига му посакува се најдобро во понатамошната кариера. Полувреме 0-1.
ЕЛЕМ супериорен против Општина Карпош.
ЕЛЕМ 11-5 (6-3) Општина Карпош
ЕЛЕМ: Менде Фидановски 3', 25', 27', Влатко Петровски 7', 8', 19', 22', 34', Диме Милевски 15', 17', Жан Ристевски 32'
Општина Карпош: Сулејман Сулејманов 1', 4', 29', 35', Петар Тасев 16'
Екипата на ЕЛЕМ прикажа апсолутна доминација во овој натпревар. Уште во првото полувреме ги презеде работите во своите нозе и стекна предност која во понатамошниот тек од натпреварот само ја зголемуваше. Мора да напоменеме дека голем хендикеп кај екипата на Општина Карпош беше повредениот Димитар Бадев, кој влече стара повреда за која е потребно мирување за да се врати во форма. Екипата на ЕЛЕМ го доби овој натпревар со високи 11-5. Полувреме 6-3.
Montenegro агресивно до победа над SISTINA.
Montenegro 6-2 (2-1) SISTINA
Montenegro: Даниел Настевски 4', 27', Ивица Јанкоски 13', Љубиша Јовановски 34', 40', Сашо Павлоски 37'
SISTINA: Даниел Боневски 13', Александар Јаневски 23'
Во првото полувреме се играше остро и на двете страни, на граница на фаул. И двете екипи играа фудбал со доста висок ритам. Екипата на Montenegro успеа да реализира два контранапади и замина на полувремето со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на SISTINA се обиде да нападне со голман играч, но и тоа не вроди со плод. Екипата на Montenegro имаше своја вечер, ги искористи своите шанси и го доби овој натпревар со 6-2.