Џо Кинер веќе стана еден од најомразените ликови за навивачите на Њукасл, а на добар пат е да стане познат и како најголемиот идиот помеѓу фудбалските функционери.
Во Њукасл му замеруваат затоа што не ги знае имињата на своите фудбалери, летово имаше мизерна активност на трансфер пазарот со само еден позајмен играч и 10 продадени, а успеа и да опцуе дури 52 пати за време на една прес конференција.
Последниот негов гаф се случил минатиот месец за време на неговата посета на куп натпреварот помеѓу Бирмингем и Свонси. Спортскиот директор на Њукасл бил импресиониран од Шејн Фергусон и сакал да го купи 22-годишниот репрезентативец на Северна Ирска.
Најпрвин челниците на Бирмингем мислеле дека Кинер се шегува, но потоа сфатиле дека тој е сериозен и морале да му објаснуваат дека Фергусон е член на Њукасл уште од 2009-та година и игра за нивниот клуб како позајмен фудбалер.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.