Ако треба да гласаат навивачите во Англија кој функционер најлошо си ја врши функцијата во Премиер лигата, на прво место сигурно дека ќе биде спортскиот директор на Њукасл, Џо Кинер кој за 3 месеци престој во клубот успеа да се истакне со еден куп глупости кои го сместуваат во нашата рубрика офсајд лик.
Кинер беше назначен за директор на 16 јуни ова лето, а првото и единствено засилување му беше крилниот напаѓач Реми Лоик кој дојде на позајмица од КПР. Њукасл викендов играше на домашен терен против Хул Сити, а директорот Кинер можеше да се насмевме на трибините затоа што Лоик постигна два погодока.
Но тоа беше премалку за домаќините кои и покрај тоа што водеа на два пати, на крајот беа поразени со 3:2. Кинер го следеше мечот во живо, но навивачите почнаа да го тролаат со натпис дека е исчезнат од 2 септември кога заврши трансфер периодот за купување играчи.
66 годишниот Ирец беше еднаш на директорската функција во Њукасл во период од само пет месеци во сезоната 2008/2009, а лошиот имиџ си го изгради уште тогаш кога изјави дека дека не прифаќа никакви забелешки од навивачите, дека тие не знаат ништо за тимот и самиот за себе кажа дека бил попаматен од нив.
Навивачите разбирливо негодуваа на неговиот кам бек, а покрај лошото работење за време на летниот трансфер период, се истакна со уште едно срамно интервју во кое ги погреши имињата на фудбалерите на Њукасл.
Бен Арфа Хатем го нарече Бен Арфе. Нигериецот Амеоби го спомена како Аманоби, а Јохан Кабаје му беше врвот и мислеше дека се вика Јохан Кебап. Првиот мандат на Сент Џејмс Парк му беше краток поради здраствени проблеми, но овој пат тоа сигурно дека ќе биде поради неговата "способност и интелигенција".