Малото селско маало Шортвуд во англиското село Неилсворт нема црква, паб, ниту продавница, но има фудбалски клуб. Токму играчите аматери од овој клуб го ставија Шортвуд на фудбалската мапа на Англија со пласманот во првото коло од ФА купот.
Шортвуд Јунајтед се натпреварува во осмата по ранг лига во Англија и во својата 113-годишна историја секогаш испаѓа во првите квалификациски рунди од ФА Купот, но оваа година тие сторија нешто за што сонуваат цел живот.
Откако ги поминаа четирите квалификациски кола од најстарото и најмасовното фудбалско натпреварување во светот, во последното коло тие го елиминираа и петтолигашот Алдершот.
Во првото коло оваа сабота Шортвуд ќе се сретне со третолигашот Порт Вејл. Тие само до сега веќе заработија 30.000 фунти, но задоволството од успехот е уште поголемо ако се знае дека нивниот тим е составен од манекени, студенти, молери и водоводџии.