Најдобриот Холанѓанец во Премиер лигата

Робин ван Перси игра фантастично за тимот од „Олд Трафорд" и со последниот погодок против Фулам стана најдобриот холандски стрелец на островот.

30 годишниот Ван Перси играше осум сезони за Арсенал каде постигна 96 гола, а следната дестинација во Манчестер Јунајтед уште во првата сезона му донесе титула во Премиер лигата, како и признание за најдобар стрелец со 26 гола.

До сега оваа сезона постигна шест погодоци и стигна до бројката од 128 гола во Премиер лигата со што го мина рекордот на Џими Флојд Хазелбанк кој за девет сезони во Лидс, Челси, Мидлзброу и Чарлтон на 324 меча постигна 127 гола, додека на Ван Перси му беа потребни два клуба и 242 настапи.

Зад него на листата на најдобри петмина Холанѓани во Премиер лигата се уште и Ван Нистелрој, Денис Беркамп и Дирк Кајт, а фудбалерот на Манчестер стана најдобар стрелец и за Холандската репрезентација каде го мина Патрик Клајверт со 41 погодок на 78 меча.

4 ноември 2013 - 19:03