По завршувањето на натпреварот на Ајнтрахт Франкфурт во азербејџанскиот град Баку по гостувањето во Лига Европа, претседателот на клубот направи еден гест кој предизвика многу реакции во германската јавност.
Чекајќи го авионот кој требаше да ги врати фудбалерите и навивачите во Германија, Питер Фишер купи неколку шишиња коњак од по 250 евра и им ги даде подели на навивачите.
Но што е тоа што го поврзува претседателот на Ајнтрахт Франкфурт со навивачите освен алкохолот?
54-годишниот Фишер во 1969-та година прв пат влегол на стадионот на Ајнтрахт Франкфурт и тоа на трибината со ултрасите. Веќе од следната година тој имал купено сезонска влезница за навивачката трибина, а со текот на годините ги менувал трибините.
„Дури и деновиве јас се дерам на трибините. И како претседател се трудам да ги следам натпреварите како навивач. Ако не го правам тоа, тогаш ќе ја загубам страста за фудбалот", изјави Фишер.
Тој признава дека кога бил млад се тепал на трибините, но само против нацисти за кои смета дека не им е место на трибините. Токму на навивачката трибина на стадионот на Ајнтрахт Франкфурт тој ја запознал и својата сопруга.
Сопственичката структрура на германските клубови им дава шанса на навивачите и клупските членови да го изберат претседателот. Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт беа сигурни дека клубот ќе биде во сигурни раце ако на чело застане човек кој е израснат на трибините.
И не згрешија. Ултрасот Питер Фишер беше избран за претседател на Ајнтрахт Франкфурт во 2000-та година и таму е веќе 13 години, најдолг претседателски стаж во клупската историја.