
Во финалето на второто по ранг клупско натпреварување во Азија, АФЦ купот се сретнаа две екипи од Кувајт - Ал Кувајт и Ал Кадсиа.
Екипата на Ал Кувајт ја одбрани титулата која воедно беше и нивна трета во историјата, а најзаслужен беше 26-годишниот Бразилец Рожерињо.
Тој асистираше при постигнување на вториот гол, а првиот погодок беше целосно негово ремек-дело од околу 30 метри.