Махерот викендов погоди 14 парови од Премиер лигата, англискиот Чемпионшип и шкотското првенство и на тикетот во понеделникот ја чекаше само уште победата на Абердин над Партик.
Среќата му се насмевна уште по првото полувреме кога Абердин водеше со 2:0, а на крајот триумфираше со 4:0 и махерот ќари 100.000 фунти со само една фунта влог.