Хановер и Брауншвајг во следното коло во Германија ќе се сретнат за прв пат по дури 37 години, а големото ривалство помеѓу навивачките групи придонесе со невообичаени изуми кои ретко се гледаат на трибините.
Навивачите на последнопласираниот тим на Брауншвајг планираа со себе да понесат две прасиња. Едното со број „96" бројка која стои на името на Ханоевр, а другото со број 1 што не е воошпто смешно, затоа што сакаа да се однесува на поранешниот фудбалер на Хановер Роберт Енке кој се самоуби поради депресија во 2009 година.
Ривалите од Хановер исто така немале некоја генијална идеја, па планирале на стадион да се појават со крстови со кој сакале да го “погребаат“ противничкиот тим.
Но овие глупави шеги кои немаат врска со фудбал им пропаднаа во вода затоа што полицијата ги откри предвреме.