Екипата на Унион Фуерза Минера беше елиминирана од перуанскиот куп од страна на Саетас де Оро откако загуби со 4:3 по изведувањето на пенали.
Одлучувачкиот пенал го извел Мартин Дал'Орсо кој откако го промашил ударот од белата точка, добил неочекувана казна. Пред да го напуштат стадионот, група навивачи влегла во тимскиот автобус и го нападнала фудбалерот. Еден од напаѓачите имал и пиштол, а на несреќниот фудбалер не можел да му помогне ниту неговиот татко кој е тренер на екипата.
Мартин Дал'Орсо со видливи повреди бил префрлен во болница, а тој и неговиот татко ги обвинија претседателот и челниците на клубот дека се нарачатели на нападот.