Рускиот претседател Владимир Путин има голема желба да ги искористи Олимписките игри за да го прикаже модерното лице на Русија, 23 години по падот на Советскиот сојуз.
Но подговтовките не се одвиваат според нивните очекувања. Трошоците постојано се зголемуваат, градењата доцнат, западот ја критикува Русија за нивниот третман со хомосексуалците, а имаат проблеми и со мигрантите кои работат на градилиштата.
А проблеми за Русите се појавија и онаму каде што најмалку очекуваа. Тие никако не можат да го одржат пламенот на факелот. Само во првите шест денови факелот се изгаснал осум пати, а според една новинарка која го следи факелот во неговиот пат долг 65.000 километри, тој до сега вкупно се има изгаснато 44 пати.
Едно од гаснењата беше пренесувано директно на ТВ, кога член на обезбедувањето мораше да интервенира со запалка.