Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Интер без Манчини беше поблиску до врвот

За да го најдете побрзо европскиот и светски првак од 2010 година на табелата во Серија А, подобро да го барате од доле. Ниту човекот кој освои три Скудета по ред за сега не успева да го врати во ритам.

Бен Арфа би играл фудбал и на Северен пол

Некогашниот најголем талент на францускиот фудбал и потенцијален наследник на Франк Рибери остана без клуб, откако ФИФА не го одобри неговиот трансфер во Ница.

Скопје и Св.Николе твитаа најмногу за трансферите

Телефоните, факсовите и социјалните мрежи грмеа во текот на вчерашниот ден кој во најголем дел од лигите беше последен за купување и продажба на играчи. Англичаните стандардно најголеми трошајлии, но и најактивни на Твитер. 

Како Меси го загрева голманот?

Ги сруши сите можни рекорди, најдобар стрелец е во историјата на клубот, а тоа што го прави на теренот, го прави и на тренинзите. Голманите немаат раат од него, ниту на загревањето.

Утката на Фергусон која чинеше 400.000 фунти за минута

Последниот трансфер на легендата на Манчестер Јунајтед, освен што се покажа како лоша проценка на стариот лисец, по две години излезе дека џабе биле фрлени и парите.

Кој најмногу испазари во јануари?

Фудбалските тезги во јануари затворија со неколку скапоцени трансфери, меѓу кои доминираа премиерлигашите со три од петте највредни аквизиции. Празнично се потрошија уште и Наполи, Монако, Реал Мадрид и Волсфбург.

Петицата на Клинсман, крикот на Тоти

Ние би го издвоиле боксерот...

Глумецот Џон Карју немаше кондиција за во Интер

Преодниот рок заврши, но до 27. февруари екипите ќе имаат можност да ангажираат слободни фудбалери, кои не се под договор со друга екипа. Во 2013. година Интер така го контактираше Норвежанецот Џон Карју, кој претходно доби понуда од друг клуб, но го одбра Интер.

Њу Орлеанс ја прекина серијата на Атланта Хокс

На осум натпревари во НБА лигата синоќа, најинтересно беше во Њу Орлеанс, каде домашните кошаркари ја прекинаа низата од 19 победи на Атланта, откако ја совладаа 115:100. Кливленд стигна до 11. победа по ред.

Чија е бомбава?

Уште 1000 пати да пробуваш, нема да ти успее вакво голчиште од над 40 метри во агол.

Типувавте ли викендов 3+ во француското првенство?

Што и да се типувале поврзано со играта дека ќе паднат три голови на некој натпревар од Лига 1 изминатово коло, џабе сте ги фрлиле парите, бидејќи тикетите ви се сигурно во канта.

Никогаш не вели никогаш - Давиде Сантон

Повремениот италијански репрезентативен бек замина од Италија во 2001. година, кога изјави дека во земјата би се вратил само за да игра во Милан. Манчини сега му дава втора шанса, но навивачите не го сакаат.

Зошто е битно да им се досадува на голманите

Затоа што кога тогаш напаѓачите ќе улетаат на некој бавен голман или пимплач со топката. Најупорениот ова коло го пронајдовме во Австралиското првенство.

Иљараменди е највреден и најсреќен за Реал Мадрид

Фудбалерот од средниот ред на Кралевите не е име од калибарот на Роналдо и Бејл, но сезонава ги шие сите во трчање.

Последните трансфер потези со временска прогноза

Англичаните пазарот го затвораат ноќеска на полноќ и тоа е последна шанса за да испазарат нешто на полусезона. Тоа што се шпекулира дека може да се купи или продаде во последниот ден, БиБиСи и даде да го пренесе на презентерката која обично зборува за времето.

Поен од 3 милиони долари

Серена Вилијамс по шести пат го освои Австралија Опен, а Новак Ѓоковиќ по петти. Американката по 17. пат ја совлада Марија Шарапова, а Новак Ѓоковиќ по 16. пат беше подобар од Енди Мареј. По славјето во Мелбурн, Ноле и Серена заработија по 3,1 милиони долари.

Следните предизвици на Кире и другарите

Македонската ракометна репрезентација ја оствари најдобрата позиција на досегашните четири учества на Мундијалите. Деветтото место делуваше разочарувачки за нашите ракометари во Катар, но тоа има реални шанси да им ги исполни соништата.

Манирот на Златан Ибрахимовиќ

ПСЖ во петокот го победи Рен 1:0 и му се приближи на лидерот Лион на само два бода. По средбата Ибрахимовиќ во свој стил си поигруваше со еден од присутните новинари.

Највисоките победи на Јадранот

Кошаркарите на Црвена Звезда во неделата со 90:47 го победија унгарскиот Солнок и на тој начин влегоа меѓу екипите кои славеле најубедливи победи од почетокот на регионалното кошаркарско натпреварување.

Нема интернет, пропаѓа трансферот

Во европскиот фудбал неколку пати имало моменти кога на трансфер пазарот во 5 до 12 се растураа зделки, договарани месеци наназад и тоа од бизарни причини. Понудите најчесто се договараат и прифаќаат преку мејл, мобилен или преку факс.

Атланта Хокс влегува во февруари со 19-0

Во последните месеци, тимот на Перо Антиќ сруши неколку рекорди на франшизата, а во историјата на НБА лигата влезе како состав со најдолга победничка низа во еден месец.

Франција се врати на светскиот ракометен врв

По елиминацијата во четвртфинале на минатиот Мундијал, моќната ракометна велесила повторно го освои златниот медал на кој се радуваше во 1995, 2001, 2009 и 2011 година. Среброто оди кај домаќините кои станаа прва неевропска земја со медал, а Полска е трета во свет.

Хокси до 19-та во низа, доминира и Торонто

Атланта Хокс и Торонто Репторс ја продолжија доминацијата на Истокот, а Сакраменто ја прекина серијата последователни порази. Хјустон загуби од Детроит, во натпревар во кој се повреди Џејмс Харден.