Германскиот зонски лигаш СВ Спортлуст Грона е од градот Бернбург во источна Германија. Теренот им се наоѓа до реката Зела, а од сателитски снимки се гледа колку е (не)рамен.
„Знам за сателитските снимки. Теренот е навистина така крив. Едната страна е 10 метри подолга од другата, а головите не се рамномерно наместени на средината. Секогаш се надеваме дека во второто полувреме ќе напаѓаме на пошироката страна, за полесно да направиме шанси“, вели Клаус Скончешни, спортскиот директор на клубот кој регуларно игра во германската Крајскласе лига.
Во меѓувреме, корисници на Имгур од Сао Пауло (Бразил) го утешија Скончешни со фотографии од фудбалските терени во нивната земја.