Клод Онеста бил во Скопје и знае каква атмосфера ги чека Французите

Најтрофејниот француски тренер, Клод Онеста во јануари 1999 година со Тулуз му гостуваше на Вардар во Скопје кога црвено-црните славеа 26-19 во Купот на куп победници. Утре вечер ќе го поведе светскиот шампион на мегдан со нашата селекција.

Скопската публика прва ќе го види новиот дрес на светскиот шампион Франција, со пет ѕвездички на грбот како симбол на сите обединети трофеи освоени на Триколорите. Последното големо славје, Французите го имаа во Катар каде го победија домаќинот за ново светско злато. За францускиот Ла Депеше, селекторот Клод Онеста зборуваше за гостувањето во Македонија.
 
Дали ќе ви биде тешко да ги мобилизирате играчите за Македонија, по големиот успех на Мундијалот?
„Се наоѓаме во тежок период за играчите. Сите се со мислите во своите клубови. Некои се борат за титула, други за опстанок, а некои останаа во завршната фаза од европските натпреварувања. Сепак мечот во Скопје треба да биде доволен мотив сите репрезентативци да се мобилизираат“, вели селекторот на Франција, Клод Онеста.

Теренот во Скопје важи за тешко гостување. Знаете ли нешто за тоа?
„Вистина е дека таквите гостувања остануваат во посебно сеќавање. Во Скопје гостував веднаш по војната во Југославија. Игравме во неверојатна атмосфера и сите бевме збунети од амбиентот. Нè натераа да играме максимално мотивирано“, се присеќа Онеста за неговото последно искуство во Скопје.
Ве плаши ли гостувањето во Скопје?
„Секако дека може да биде сложено по нас, затоа што доаѓаме како актуелен европски и светски првак и очекуваме полна сала. Македонија можеби не е екипа од горниот европски ракомет, но има добри ракометари и способни се да победат било кого. Спремни сме да избегнеме непријатно изненадување на теренот“, признава Онеста дека очекува пеколна атмосфера во Борис Трајковски
Натпреварот Македонија - Франција се игра утре вечер од 20:15 во СЦ Борис Трајковски.
 
Најавата на Франција за квалификацискиот циклус