Адеми ја спука со Мамиќ

Хрватските медиуми пишуваат дека македонскиот репрезентативец реагирал бурно и го искинал дресот кога тренерот одлучил да го извади од игра.

Динамо Загреб славеше над Осијек со 3:0 во хрватското првенство, а капитенот на домаќините Аријан Адеми покажал недисциплина и не можел да се помири дека бил заменет по само половина час игра.

„Адеми го заменив поради нервоза, постојано имаше приговори кај судијата и се плашев дека може да направи некоја глупост“, изјави тренерот Зоран Мамиќ, инаку брат на контроверзниот потпретседател на клубот, Здравко Мамиќ.

Според пишувањата на Вечерни лист, фудбалерот од средниот ред на Македонија воопшто не реагирал капитенски и кога го замениле, дресот го фрлил на клупата и потоа имал расправии со Мамиќ во соблекувалната.

Стратегот на Загрепчани на полувреме од игра го извадил и Фернандес со образложение дека бил несериозен и неодговорен на терен. Додека Мамиќ во соблекувална го критикувал дека не се однесува професионално, тој ги фрлил копачките.

Адеми и Фернандес си заминале од стадион уште пред да заврши натпреварот, но тензијата се смирила веќе следниот ден на тренинг, откако Мамиќ разговарал со двајцата и им рекол дека тоа е последна опомена.

30 април 2015 - 12:14