Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Кобура е најдобриот Типстер за јануари

До лидерската позиција во првиот месец од 2015-та тој успеа да стигне благодарение на трите нешерени исходи кои ги погоди на СП Катар 2015.

Вујошевиќ: Секогаш е тешко кога играме овде

Тренерот на Партизан видно задоволен излезе на прес-конференцијата по мечот со МЗТ Скопје, екипа за која Вујошевиќ имаше само пофални зборови.

МЗТ поразен, Партизан ја продолжи серијата во Аеродром

Аеродромскиот клуб го претрпе и петтиот пораз на последните шест натпревари. Пред 5.000 гледачи во СЦ. Јане Сандански, Партизан славеше 55:63 и ја продолжи триумфалната низа на седум победи по ред.

МЗТ - Партизан во 21:00 и Челси - Манчестер Сити во 18:30

Спортскиот викенд на ТВ нуди меч на МЗТ Скопје во јадранската лига, дерби во Премиер лигата, ски скокови и разновиден фудбал каде на сцена се враќаат Бундеслигашите.

Неприкосновената Атланта брои до 18 по ред

Со 39 победи и 8 порази, составот на Мајк Буденхолзер во моментов е најдобриот тим во НБА лигата откако со пресврт го збриша и Портланд. Втор пораз во низа за Голден Стејт кој загуби од Јута, осма победа по ред за Кливленд предводен од повратникот Леброн Џејмс.

Чраповски: Ова е срам за ракометот

Револтирани од начинот на кој судеа, репрезентативците на Полска по завршувањето на полуфиналето против Катар со ироничен аплауз ги испратија судиите, а резултатот сметаат дека бил однапред договорен.

Пораз за Вардарки на почетокот, Лајпциг посилен

Ракометарките на македонскиот шампион Вардар загубија на премиерата од втората фаза во ЛШ од германскиот Лајпциг 26:23. 

Катар во финале на мегдан со Франција

Втората полуфиналната мега пресметка на Светското ракометно првенство му припадна на четирикратниот освојувач на златото. Таму го очекува дуел против домаќинот кој направи сензација откако претходно ја совлада Полска.

Премиер лигашите не го игнорираат Лига купот

Манчестер Јунајтед и Арсенал се рекорди со по 11 освоени титули во ФА купот, престижното англиско натпреварување кое важи за најстаро на планетата и се игра од 1871 година. Од 1960 Англичаните почнаа да играат уште еден куп за малку пари, но во последните 10 години го освојуваат претежно големи екипи.

Среќен роденден, Жунињо

Бразилецот во кариерата играше за Спорт, Васко да Гама, Лион, Ал-Гарафа и Њујорк Ред Булс. На 507 натпревари постигна вкупно 131 гол, од кои повеќето беа на за него препознатлив начин. Специјалистот за сув лист денес полни 40 години.

Коста казнет три меча, го пропушта Сити

Напаѓачот на Челси доби суспензија од три натпревари поради намерното газење на Емре Чан против Ливерпул, по што утрешното дерби против Манчестер Сити ќе го гледа од трибина.

Спортска маица за најдобриот Типстер

Најдобрите Типстери ќе ги дознаеме во сабота на полноќ кога ќе заврши јануарската битка, а подароци ќе им следува на најдобрите тројца.

Можни трансфери во 5 за 12

Зимскиот преоден рок во најголем дел од Европа завршува во сабота на полноќ, кога се очекуваат последните трансфери. Арсенал, Тотенхем, Рома, Волсфсбург и Реал Мадрид чекаат прилика од сенка.

Најинтересното од мечот Ѓоковиќ - Вавринка

Најдобриот светски тенисер се препоти за да го добие полуфиналето против Швајцарецот кој ја бранеше титулата во Мелбурн. Победата ја оствари по 5 одиграни сетови, а најмала неизвесност имаше во последниот сет кој го доби со 6:0 и победи со 3:2. Ѓоковиќ ке игра во финале против Енди Мареј и ќе брка 5-та титула на Австралија опен. 

Патувањата на Матиа Дестро

Новиот напаѓач на Милан има искуство во зимскиот преоден рок, затоа што во јануари 2011. година беше половина играч на Интер, а половина на Џенова. Нероаѕурите се откажаа од нивниот дел за Ранокија, а Дестро потоа замина за Тоскана.

Браќата Гасол за историски Ол стар, не игра Новицки

Тројца клупски колеги на Перо Антиќ ќе учесвуваат на претстојниот Ол стар викенд, кој ќе се одржи на 15. февруари во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Зачудува одлуката што како резерви не се повикани Демаркус Казинс од Сакраменто Кингс и Демијан Лилард од Портланд.

Лајпциг – ЖРК Вардар во 19:30 и Шпанија - Франција во 19:00

Спортската понуда во петок делува доста богато. ЖРК Вардар се враќа на европска сцена во втората фаза од ЛШ, а на Мундијалот во Катар се играат полуфиналињата. Има и фудбал, кошарка и ски скокови.

Чикаго го плаќа Бузер да не игра за нив

Биковите се должни до крајот на актуелната сезона да му плаќаат 13,55 милиони долари на Карлос Бузер и покрај тоа што тој игра за ЛА Лејкерс.

Крај на црната серија на Лејкерс

Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа го совладаа Чикаго Булс после продолженијата 123:118 и на тој начин избегнаа и десетти пораз во низа и израмнување со негативниот рекорд од 1994. година.

Ви се случило ли ова во маало?

Обично на гол застанува тој што е дебел или тој што нема појма од фудбал, но и тој ќе ви фаќа сеир ако многу се чаталите дека сте Роналдо во напад.

Фудбалерот кој стана најславен линиски судија

Во Англија е познат како „рускиот линиски судија“, херој на мундијалското финале 1996-та. Кај Германците го носи епитетот „виновник“ на Вембли, а во Азербејџан го сметаат за спортска икона.

Гвинеа ја доби ждрепката, Мали оди дома ни крив ни должен

Домаќинот на Африканскиот куп на нации, Гвинеа е последниот четвртфиналист на турнирот, откако денес беше извлечен на ждрепката со Мали за тоа кој да оди понатаму.

И Белгијците имале како нашите стадиони

Запуштена трева на трибина веднаш не асоцира на стадионите низ Македонија. Приказната со овој стадион е поинаква и до некаде е оправдано што изгледа вака. Се работи за стадионот Бурафус кој има капацитет од 11.000 седишта и се наоѓа на само неколку стотици метри до стадионот на Стандард.