Исланѓанецот Хафтор Бјорнсон учествува во натпреварувањето Најсилен човек на светот, кое во моментов се одржува во Путрајаја во Малезија.
„Планината“ два пати по ред е државен првак на Исланд во шампионатот за најсилен човек, а на светско ниво започна да се натпреварува во 2011 година кога влезе со Вајлд карт. Пред четири години заврши шести во генералниот пласман, а лани беше втор, зад Литванецот Жидрунас Савицкас.
Бјорнсон во минатото бил и професионален кошаркар, но повредата на коленото го оддалечила од паркетот. Со физички предиспозиции од 206 сантиметри и 199 килограми решил да влече камиони, да крева огромен товар и да се проба со најсилните луѓе во светот.
Иако многу следбеници на овој спорт не верувале дека Бјорнсон може да конкурира на меѓународните натпреварувања и дека е добар само во категоријата влечење камиони, Исланѓанецот ги демантираше.
Бјорнсон се појавува и во документарецот на Вајс кој зборува за феноменот во Исланд од каде доаѓаат многу учесници во шампионатот Најсилен човек на светот.
Во рундата кревање нордиски чекан, Бјорнсон заврши прв, пред Еди Хол од Велика Британија: