Пласман во Премиер лига прославен во автобус

Фудбалерите на Вотфорд денес славеа 0-2 на гостувањето во Брајтон, а на враќање дома дознаа дека се сигурен учесник во Премиер лигата следната година. Тоа задоволство им го пружи Фулам кој го победи Мидлзборо со гол во 95-та минута.

Фудбалерот на Фулам, Рос Мекормак со својот трет гол против Мидлсборо го крена Кревин Котиџ на нозе. Тимот од Лондон победи 4-3 и на тој начин му овозможи на Вотфорд да го прослави пласманот во Премиер лигата една недела порано.
 
Играчите на Вотфорд со клупскиот автобус се враќаа дома од Брајтон и бурно ги следеа резултатите на нивните директни конкуренти. Во случај Норвич да победеше во Ротерам или Мидлзборо да освоеше бод против Фулам, Вотфорд ќе мораше да чека до следната недела кога е закажан дуелот со Шефилд.
 
Следуваше сценарио кое може да го понуди Чемпионшип и тоа од година во година.
 
Норвич прими гол во 86' минута, а во 96' минута на Крејвен Котиџ во Лондон, Мидлзборо прими гол од Фулам. Целиот тим на Вотфорд еуфорично ги прослави информациите од двата дуели, а првотимците Одион Игало и Мигел Лајун веднаш го споделија моментот на друштвените мрежи.
 
Вотфорд вечерва организира прослава во центарот на градот, кој се наоѓа во близина на Лондон. 
На коло пред крајот, Вотфорд е прв со 88 бодови, четири повеќе од Бурнемут и Мидлзборо кои во последната рунда ќе се борат за директен пласман во елитната Премиер лига.
 
Пласманот во Премиер прославен во клупскиот автобус:
 
25 април 2015 - 20:52