Голден Стејт полуфиналист, прв пораз за Атланта од Бруклин

Кошаркарите на Голден Стејт со убедливи четири победи против Њу Орлеанс се пласираа во полуфиналето на Западната конференција. Чикаго загуби од Милвоки со кош во последната секунда и сега е 3-1 за Булси во серијата.

На Атланта тешко и оди против Бруклин сезонава. Иако ги победуваа во регуларната сезона и два пати во плејофот, Хокси секогаш триумфираа на тежок начин.
 
Во седмиот обид сезонава, Нетси ја победија Атланта и намалија на 2-1 во плејоф серијата. Брук Лопез уфрли 22 поени и 13 скокови, а Тадеј Јанк додаде 18 со 11 скокови во триумфот на Нетс од 91-83. Хрватот Боан Богдановиќ запиша 19 поени.
 

ДеМар Керол постигна рекордни во плејоф кариерата 22 поени. Пол Милсап запиша 18 поени со 17 скокови, а Перо Антиќ имаше 7 поени, 8 скокови, 5 асистенции и 2 блокади.
 
 

Најбрзо од сите работата ја заврши Голден Стејт, најдобриот тим од регуларната сезона. Вориорс ги добија Пеликанс уште еднаш во Њу Орлеанс и со 4-0 отидоа во полуфиналето.
 
Стеф Кари одигра уште една симултанка. Плејот на ГС постигна 39 поени, 8 скокови и 9 асистенции. Кари имаше голема поддршка во Клеј Томпсон кој броеше до 25 поени и Дрејмнот Грин кој запиша 22 поени, 10 скокови и 8 асистенции. Кај поразените Нетси, залудни беа 36-те поени и 11 скокови на Ентони Дејвис.
 
 
Асистенцијата „без очи“ на Кари кон Барнс:
 

Милвоки во последен момент успеа да ја избегне метлата и со со поените на Џерид Бејлис во последната секунда, Бакси го срушија Чикаго 92-90 и останаа во игра. Булси водат 3-1, а петтиот натпревар се игра утре во Чикаго.
 
Ова беше прва победа за Милвоки Бакс во плефојот после пет години а најзаслужни за неа беа Мејо и Бејлис со по 18 поени. Џими Батлер беше најефикасен кај Булси со 33 поени, Гасол имаше 16 поени и 10 скокови, а Дерик Роуз застана на 14 поени и 6 асистенции со дури 8 грешки.
 
Кошот на секунда пред крај за триумф на Милвоки Бакс:
 
 
Таџ Гибсон со „крвничко“ забивање:
 
ТОП 10 потези на вечерта:
 
Резултати:
Милвоки Бакс - Чикаго Булс 92:90 (1-3)
Атланта Хокс - Бруклин Нетс 83-91 (2-1)
Голден Стејт - Њу Орлеанс 100-98 (4-0)
Мемфис Гризлис - Портланд Трејл Блејзерс 115:109 (3-0)