Револверашот Џејмс Харден го построи Далас

Кавај Леонард сам го победи Далас Маверикс и го водеше Сан Антонио до 2-1 во плејоф серијата. Одлична вечер за Полјакот Гортрат од Вашингтон кој сега води 3-0 против Торонто Репторс.

Пред неколку дена беше прогласен за најдобар одбранбен играч во лигата, но тоа не е сè од Кавај Леонард. Во синоќешниот триумф на Спарси над Клиперс 100:73, Леонард уфрли 32 поени, што е најдобар поентерски учинок во неговата кариера.

Сан Антонио одигра гранитна одбрана, а доказ за тоа се 73 поени на ЛА Клиперс, најмалку во историјата на плејофот. Спарси го задржаа Грифин на само 14 поени, 10 скока и 5 асистенции. Следниот натпревар се игра во недела и ако Спарси повторно одиграат како синоќа, шансите на Клиперс за пласман понатаму ќе бидат уште помали.

Леонард ја поремети одбраната на Клиперс:

Ели-ап забивање на Леонард:

На крилјата на Џејмс Харден, Хјустон го совлада Далас 130:128 и близу е до затворање на тексашката пресметка против Маверикс. „Брадата“ постигна 42 поени, 9 асистенции и 5 скокови и Рокетс сега се на само еден триумф од полуфиналето. Двајт Хаурд броеше до 13 поени и дури 26 скокови. Ист број на поени имаше и Тревор Ариза.
 
Кај Далас, кој играше без Рондо кој е отстранет од екипата и ќе ги напушти Маверикси, најефикасен беше Монта Елис со 34 поени. Хјустон е пред полуфиналето, останува да се види дали можат да ја завршат работата во Далас или серијата ќе се врати во нивниот дом. Далас е пред тешка мисија, затоа што ниту еден тим не се вратил после 0-3 во плејофот.
 
Најмногу поени во плејоф кариерата на Харден:
 
 
Новицки со одлична асистенција:
 
По двете победи во Канада, Вашингтон ја доби и третата против Торонто синоќа на домашен терен 106:99. Гортрат и Вол одиграа феноменална партија, но јунак на победата беше ветеранот Пол Пирс, кој постигна 18 поени. 

Марчин Гортрат имаше 24 поени, 13 скокови и 5 асистенции, а Џон Вол уфрли 19 поени со 5 скокови и 15 асистенции. Голем удел во славјето на Визардс имаше и Бредли Бил со 16 поени. Кај Репторс, ДеМар ДеРозан постигна 32 поени (11-29 од игра).
 
Џон Вол сам против целата одбрана на Торонто:
 
Хајлајтс од триумфот на Визардс за 3-0 против Торонто во плејофот:
 
ТОП 10 потези на вечерта:
 
Резултати:

Далас - Хјустон 128:130 (0-3)
Вашингтон - Торонто 106:99 (3-0)
Сан Антонио - ЛА Клиперс 100:73 (3-1)