Бруклин ја победи Атланта во продолженија, сега е 2-2

Синоќа во НБА отпишаните се вратија во игра, откако Милвоки, Бруклин и Портланд ги совладаа фаворитите Чикаго, Атланта и Мемфис.

Конечно Дерон Вилијамс од најдобрите денови. Плејот на Нетс ја одигра можеби и најдобрата партија од кога е во Бруклин, затоа што синоќа против Атланта постигна 35 поени (16 во последната четвртина).

Вилијамс ги одигра очајно првите два меча, но синоќа го израмни својот рекорд во плејофот. Натпреварот се реши во продолжението, кога Бојан Богдановиќ постигна тројка во финишот. Одличен кај домашните Нетси беше и Брук Лопез со 26 поени и 10 скокови.

Кај Атланта, Џеф Тиг беше најефикасен со 20 поени и 11 асистенции. Кајл Корвер даде 16 поени, но ги промаши сите три обиди за израмнување на крајот од продолжувањето. Перо Антиќ запиша 6 поени и 4 скока. По два порази во Њујорк, Атланта ќе се обиде во среда навечер да стигне до нова предност на домашен терен во Џорџија. Во случај Бруклин да направи подвиг и се пласира понатаму, ќе стане четвртата екипа во историјата што го елиминирала лидерот во конференцијата на самиот старт.

Дерон Вилијамс со 35 поени ја потопи Атланта:

Клучната тројка на Вилијамс:

 

Потегот на вечерта на Ди-Вил:

Ништо не е готово ниту во серијата Чикаго - Милвоки. Бакси повторно ги спречија Булси да стигнат до полуфиналето, ги добија во „Јунајтед центарот“ и намалија на 3-2 во серијата.
 
Картер-Вилијамс беше одличен со 22 поени, 9 асистенции и 8 скокови. На другата страна Пау Гасол уфрли 25 поени и 10 скокови. Чикаго се обиде во финишот, но младиот тим на Милвоки Бакс успеа да ја сочува победата. Дерик Роуз запиша 13 поени, но загуби дури 6 топки што е речиси половина за својата екипа. Серијата се враќа во Милвоки и ако Бакси победат, мајсторката ќе се игра во Чикаго.

Целиот дуел го набљудува Кливленд, кој го чека победникот во следната рунда.
 
Џими Батлер под фаул:

Хајлајтс од мечот:

ТОП10 потези на вечерта:

Резултати:
Атланта - Бруклин 115-120 (2-2)
Милвоки - Чикаго 94-88 (2-3)
Мемфис - Портланд 92-99 (3-1)