Алиоски со прекрасен гол го водеше Лугано до 1-во место во Конференциска лига

Швајцарски Лугано игра чудесна сезона, најдобра во клупската историја. Во домашното првенство се први со 11 победи и 1 нерешена, без пораз, а први се и во силната Конференциска лига каде имаат 3 победи на 3 меча од кои една против Хетафе на гости 1-4, една против Црвена звезда 3-2 и синоќа против Жалгирис убедливо 3-0. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски постигна прекрасен гол во 24-та минута а само осум минути подоцна и Даниел Дос Сантос даде добар погодок.

6 ноември 2026 - 10:34