Монтенегро и Систина ги поделија бодовите

Во нокаут фазата од Бизнис лигата на Македонија победи славеа екипите на Алкалоид, ONE и Лукоил.

Алкалоид мотивирано до победа над АрцелорМитал

ArcelorMittal 2-12 (1-6) Алкалоид
АрцелорМитал: Љупчо Шегмановиќ 9’, Игор Мирчевски 39’
Алкалоид: Оливер Христовски 7’, 9’, 17’, 30’, 31’, Нико Този 8’, 18’, 40’, Милан Пеловски 17’, Стефан Димовски 36’, Дарко Стефков 38’, Николче Дамјановски 40’
Екипата на Алкалоид прикажа апсолутна доминација во дуелот со АрцелорМитал, пред се поради сериозниот пристап уште на самиот почеток од натпреварот. АрцелорМитал влезе недоволно мотивирано во овој натревар и без добра игра во одбраната не можеше да очекува поголем резултат во дуелот со Алкалоид, па го загуби истиот со 2-12.
 
Монтенегро и Систина ги поделија бодовите

Монтенегро 6-6 (4-3) Систина
Монтенегро: Ивица Јанковски 8’, 11’, 18’, Горан Новакоски 8’, 21’, 38’
Систина: Игор Ѓорѓиевски 1’, 40’, Горан Манов 15’, 33’, 35’, Даниел Боневски 20’
Во крајно изедначен и неизвесен натпревар екипите на Монтенегро и Систина ги поделија бодовите. И двете екипи играа крајно мотивирано. Иако екипата на Монтенегро во еден момент успеа да направи резултатски скок, Систина не се даваше, успеа да фати резултатски приклучок и да стигне до реми, па така на крајот ги поделија бодовите. 
 
ОНЕ не дозволи изненадување во дуелот со Контрола на летање

ОНЕ 5-3 (3-2) Контрола на летање
ОНЕ: Сашко Србаков 7’, 20’, 36’, Дарко Таневски 11’, 40’
Контрола на летање: Слободан Лазаревски 2’, Ацо Тодоровски 5’, Звонко Зоксимовски 38’
Екипата на Контрола на летање целосно ја имаше иницијативата на самиот старт од овој натпревар и дојде до водство од 2-1. Но, екипата на ОНЕ брзо успеа да се врати во натпреварот и на полувремето да замине со резултат од 3-2. Во второто полувреме екипата на ОНЕ преку Сашко Србаков успеа да се одлепи. Контрола на летање со погодок на Звонко Зоксимовски се обиде да фати резултатски приклучок, но Дарко Таневски со гол стави точка на овој натпревар за победа на ОНЕ од 5-3. 
 
Лукоил супериорен во дуелот со УНИКА

УНИКА 2-7 (0-5) Лукоил
УНИКА: Арбен Нухиу 29’, 33’
Лукоил: Дејан Зиков 3’, 11’, 25’, Марјан Цветковски 7’, Љупчо Апостоловски 14’, 20’, 34’
Екипата на Лукоил имаше одличен влез во натпреварот, не само во нападот, туку и во одбраната каде што ги затвори сите приоди кон сопствениот гол. Мора да напоменеме дека УНИКА играше без резервен играч, а Лукоил во својот ростер имаше добра клупа. Во ваквата ситуација Лукоил ја искористи ротацијата на играчи и фичката подобрата физичка подготвеност, па го доби овој натпревар со 2-7.
27 април 2015 - 23:39