16 екипи конкурираат за титула

Ако мислите дека сте виделе малку неизвесни трки за титулата, тогаш треба да ја погледнете табелата во алжирското фудбалско првенство.

На само четири кола и 12 бодови во игра до крајот, дури 11 екипи од Алжир конкурираат за шампионскиот пехар. Бодовната разлика од лидерот ЕС Сетиф до последниот Хусеин Деј изнесува 11 поени. Четири бодови е разликата од второпласираниот до десетиот на табелата.
 

27 април 2015 - 16:45